ГО УБИ КОРОНАТА: Почина првиот човек на боливискиот фудбал чекајќи крвна плазма

by Тони Зографски

Претседателот на Фудбалската федерација на Боливија Сезар Луис Салинас починал како последица на проблеми предизвикани од коронавирусот КОВИД-19, тоа го соопштија од Федерацијата.

-Сезар ја чекаше новата единици на крвна плазма, после таа која ја прими од голмнатот, Карлос Емилијо Лампео – информира директорот на Федерацијата Роланго Арамајо.

Инаку, на 9 јули 58-годишниот Салинас бил примен во болница со симптоми на грип. Два дена подоцна тестот за коронавирус му бил позитивен. За време на лекувањето ситуацијата му се влошила и бил ставен на респираторен систем, меѓутоа не успеал да ја добие битката со вирусот.

И неговата сопруга е позитивна на КОВИД-19 со благи симптоми.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com