ГО ИГРАШЕ КАПЕТАН ДИТРИХ ВО “БАЛКАН ЕКСПРЕС“: Почина словенечкиот актер Радко Полиќ

by Тони Зографски

На 81 година денеска почина словенечкиот театарски и филмски актер Радко Полиќ.
Тој е роден за време на Втората светска војна во Чрномље. Дипломирал на отсекот драмски и уметнички говор на АГРФТ во 1965. година.
Полиќ беше актер кој создаде повеќе од сто театарски, над педесет филмски и десетици радио улоги.  Остави неизбришлива трага на театарот во Словенија.

Списокот на неговите улоги, по кои ќе остане во меморијата на публиката и слушателите, е навистина долг и непроценлив.  Најпознат е по улогата на капетан Дитрих во “Балкан експрес“:
Полиќ беше и еден од најпочитуваните филмски актери и во Словенија и во земјите од поранешна Југославија.

останати вести