Германската манекенка Хајди Клум објави видео од снимањето на спот за новата песна наречена „Red Eye“, која ја сними со американскиот диџеј Дипло.
Песната е снимена за новата сезона на шоуто „Germany’s Next Topmodel“, а ќе биде достапна на стриминг услугите од 13 февруари.
На објавеното видео таа носи само гаќички и капут и стои среде железничка пруга. Изгледот го комплетираше со фризура со кадрици и шминка што особено ги истакнува нејзините очи.
Инаку, Хајди Клум се занимава со музика веќе некое време. Во 2022 година ја издаде песната „Chai Tea With Heidi“ со Снуп Дог, а во 2024 година соработуваше со Тиесто на синглот „Sunglasses At Night“.