ГОЛЕМ КОРОНА СКАНДАЛ: Вчера имаа 25-мина заразени играчи, денес сите се здрави

by Тони Зографски

Невиден циркуз излезе тестирањето во казахстански Каисар за само 24 часа откако тренерот на клубот Стојчо Младенов вчера посочи дека 25 фудбалери се болни од Ковид-19, а клубот денеска објави дека – нема ниту еден заразен.

Што се случило во Казахстан никој не знае за еден ден и како тие магично оздравеле, откако Младенов јавно посочил дека десет сениори и 15 младинци од клубот се заразени. Но, експресно клубот демантира, посочувајќи дека тестовите покажале дека нема ниту еден позитивен на коронавирус.

„Целиот тим на Каисар успешно ги мина тестирањата, играчите се во добра состојба и концдиија и подготвени се за продолжение на сезоната“, објави Каисар.

Така, десет играчи се позитивни во клубот Каспиј, седум во Тобол, додека второпласираниот Каират ги негираше информациите во медиумите дека нивниот тренер Алексеј Шпилевски е заразен.

Патем, оваа земја е сериозно погодена од вирусот корона, има 22.000 заразени и 188 мртви.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com