Голема победа на Мила Рељиќ: Елиминираше двократна олимписка шампионка!

by Тони Зографски

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ оствари голем успех победувајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џонс.

Влезе Џонс како голем фаворит во борбата, но Рељиќ со одлична борба ги покажа своите квалитети и успеа да приреди изненадување со победа од 2:1. Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:6, а клучен беше еден удар со нога некаде на 20-тина секунди пред крајот на борбата.

Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда која беше максимално израмнета (1:1) и припадна на македонската претставничка поради поголемиот број удари..

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com