“ГЛЕДАЈТЕ СИ ЈА РАБОТАТА“ – порача Џенифер Лопез (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Еден ден откако американските медиуми како ударна вест објавија дека Џенифер Лопез ја раскинала веридбата, се огласи и самата пејачка на својот Инстаграм профил.

Таа објави рап песна, со монтирано видео од нејзини фотографии, преку кое ипраќа порака:

„Гледајте си ја вашата работа“.

Во првите два часа видеото било прегледано повеќе од милион и пол пати, а пораките кои ѝ ги оставиле се базираат на поддршка и воодушевување: „Кажи им, кралице“, „Покажи им како се прави тоа“, „Запаметете дека таа е од Бронкс“, се само дел од коментарите.

Инаку, пејачката во моментов се наоѓа во Доминиканската република, каде што снима филм.

 

останати вести