Германска новинарка се извалкала со кал па лажела дека помагала во чистењето на улиците по поплавите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Германската ТВ репортерка Сузана Охлен (39) се извалкала со кал пред снимањето на една репортажа, преправајќи се дека помагала во чистењето на улица во Бад Мунстереифел по силните поплави кои во Германија однеле најмалку 170 животи, пишува “Daily Mail”.

“RTL” објавил репортажа “Чистење по поплавите: Репортерка на RTL помага во Бад Мунстереифел”, а набљудувач ја снимил репортерката дека непосредно пред снимањето се валка со кал и тоа го објавил на социјалните мрежи.

На снимката се гледа Охлен во сина кошула, шешир и чизми, како се наведнува, зема малку кал и се мачка по облеката додека е окружена од оштетени улици и куќи уништени во поплавите. Потоа се наведнува уште еднаш, овој пат ставајќи кал и на лицето. Се слуша како набљудувачот се смее во позадина додека репортерката се врти кој својата телевизиска екипа.

Од германски “RTL” изјавиле дека “пристапот на репортерката очигледно е во спротивност со новинарските принципи и нивните сопствени стандарди”. Откако виделе што направила, ја отпуштиле.

https://twitter.com/i/status/1418229004415520770

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com