Гвинет Палтроу се удрила во пензионер и му скршила ребра  (ФОТО)

by Тони Зографски

Славната холвудска актерка Гвинет Палтроу е обвинета  од пензионерот Теру Сандерсон, дека на скијачката патека во зимскиот центар Дир Воли, се забила во него и му нанела тешки повреди, односно, му скршила неколку ребра и му предизвикала потрес на мозокот.

Пензионерот на прес конференција изјавил дека прво слушнал врисок, па тап удар и дека сведок на несреќата е неговиот инструктор.  Тој истакнал дека три години му требало за да ја поднесе тужбата и дека бара оштета од 3. 1 милион долари. Тери на пресот покажал и видео снимка како жена го удира од позади, и како преку него паѓаат уште две лица.

Гвинет Палтроу се ова го негира, и вели дека тужбата ќе биде отфрлена.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com