ГВИНЕТ ПАЛТРОУ НАСРЕД СНИМАЊЕ СЕ СОБЛЕЧЕ ТОПЛЕС (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Гвинет Палтроу повторно најде начин да ги изненади своите следбеници, а овојпат тоа го направи среде навидум безопасно видео за есенската мода.

53-годишната актерка на своите следбеници на Тик-Ток им порача дека пристигнало „времето за џемпери“ и објави видео во кое покажа различни плетени парчиња, меѓу кои имаше и модели од нејзината луксузна модна линија GWYN.

За да го сними видеото, Гвинет го поставила мобилниот телефон во дизајнерски фрижидер во својот дом во Монтесито, Калифорнија, а потоа, додека се изменуваат кадри во кои таа се појавува во различни џемпери, ненадејно се појави и топлес.

Интимните делови ги покрива со стратешки поставена црна лента. Додека го гризе јаболкото, актерката ја покажа својата витка фигура, облечена само во бели фармерки.

– Време е за џемпери – напиша таа во објавата.

На Гвинет не ѝ е непознато покажувањето на своето тело кога го промовира својот бренд Goop, кој го основаше во 2008 година.

останати вести