Вучиќ само во возилото на Путин можел да си го оптегне нозете (ФОТО)

by Тони Зографски

Покрај разговорите за политика, двајцата претседатели на Србија и на Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин разговарале и за “тврдина на тркала“ на рускиот челник,  автомобилот “аурус сенат“.

– Ова е единствен автомобил во кој можам комотно да ги исправам нозете и со главата да не удрам во покривот- се пошегувал Вучиќ кога се сместил во “аурусот“ покрај Путин.

Двајцата државници започнале машки разговори околу јачината на моторот, перфомансите на возилото кое е отпорно на напад од воздух, бојни отрови, а може неколку часа да издржи и под вода.

– Моторот и шасијата се од руско производство, а има и германски делови – појаснил Путин.

Кога српскиот пртседател го запрашал за цената на автомобилот, рускиот челник со насмевка му одговорил:

– Сметајте на огромен попуст ако сакате да го купите!

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com