962
Викендов во Загреб полицијата мораше да интервенира откако маж одбивал да стави маска во воз на главната станица.
Кондуктерот го терал мажот да ја стави маската, но тој одбивал по што е повикана полиција. Кога таа стигнала, во возот го извадила човекот насила одвнатре и го турнала на перонот на земја. Тој бил со своето мало дете кое цело време плачело и викало гледајќи што се случува со својот татко.
На крај граѓанинот е приведен и му е пишана соодветна прекршочна пријава.
фото: 24 сата.хр
