Во експлозија на бомба во Драчево оштетена куќа и три возила

by Тони Зографски

Непознато лице фрлило бомба кашикара во дворот од куќата на Н.И.(25), во скопско Драчево. Од силината на експлозијата, како што информираат од СВР Скопје, биле оштетени три патнички возила – „Ауди“, „Рено клио“ и „Голф 3“, како и една куќа.

Инцидентот се случил на улицата Партизански одреди во Драчево.

Не се познати мотивите, ниту лицето што ја фрлило бомбата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com