Потег снимен во виралното ТикТок видео предизвика жестока дебата и поделени мислења на социјалните мрежи.
Додека „војните за лежалки“ продолжуваат во одморалиштата ширум Европа, се чини дека на некои вработени во хотелите им дошло преку глава.Имено персоналот на еден хотел на Закинтос одлучил да ги земе работите во свои раце и да се пресмета со туристите кои со пешкири се обиделе да резервираат лежалки во раните утрински часови. Според „LADbible“ овој грчкиот остров, и покрај прекрасните плажи и времето, во последниве години стана рај за забави за младите луѓе.


Во виралното видео, кое брзо собра десетици илјади лајкови на ТикТок, се гледа како хотелскиот персонал се враќа дома од ноќно излегување во 6 часот наутро. Наместо да си легнат, тие решиле да ги преместат сите пешкири што веќе биле поставени околу базенот. Некои завршиле скриени на огради, други на дрвја, а некои дури и на ѕидови високи два метра.Мили од Блекпул, која работи и живее во хотелот за кој станува збор, ја објасни заднината на приказната.„Живееме во хотелот затоа што работиме тука, а во моментов има многу туристи. Дојдоа и ги поставија пешкирите покрај базенот. Никој не го прави тоа. Едноставно не, затоа што сме на Закинтос“, изјави таа.


