ВОДИТЕЛОТ ШОКИРАН: Пејачка се соблекла во емисија во живо и ги покажала градите (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пејачката и актерка од Мексикo, Ниурка Маркос, со видеоповик се вклучилa во шоуто „Де Примера Мано“ на мексиканската национална телевизија и пред сите се соблекла гола и ги покажала градите.

Пејачката прво во емисијата зборувала за својот одмор на нудистичка плажа во Мексико, од каде споделувала фотографии топлес. Водителот го пофалил нејзиниот изглед, а пред крајот на разговорот Ниурка направила неочекуван потег и ја соблекла маицата.

Со овој потег 53-годишната Ниурка ги шокирала гледачите и водителот Густав Адолф Инфанте. Кога режисерот забележал дека Ниурка се разголила, брзо префрлиле на друг кадар, а водителот им се извинил на гледачите. Тој рекол дека не му паднало на ум дека вакво нешто ќе се случи.

Ниурка е позната на јавноста по учеството во Големиот брат во Мексико во 2004 година, а зад себе има три брака и три деца.

https://www.instagram.com/p/CPEd7hohNfO/

останати вести