Водителката доживе шок: Ја касна оса пред вклучување во живо (ФОТО)

by Тони Зографски

За време на вклучувањата во живо во програма, телевизиските водители неретко се соочуваат со необични и непријатни ситуации. Меѓутоа, она што го доживеала новинарката на хрватската телевизија РТЛ, Теа Михановиќ, ретко се гледа на малите екрани.

Имено непосредно пред вклучувањето во живо во информативната емисија, ја каснала оса.

Моментот на самиот убод бил забележан непосредно пред да се вклучат камерите за преносот. Снимателот, свесен за сериозноста на ситуацијата, веднаш ја прашал Теа дали воопшто ќе може да го издржи вклучувањето во живо.

Иако болката била очигледна, Теа реагирала сосема искрено и без филтер: „Не можам да поверувам, ова никогаш досега не ми се случило. Боли за полудување“, изустила таа со болна гримаса.

@teamihanovic

📺🐝 Svašta sam doživjela u lajvovima, ali ovo je novo😂

♬ izvorni zvuk – teamihanovic

Сепак, и покрај силната болка, новинарката покажала што значи професионализам. Штом започнал преносот, таа сосема смирено и без ниту една грешка го одработила своето вклучување во живо, така што гледачите пред малите екрани не можеле ниту да претпостават што се случило само неколку секунди претходно.

Откако сè поминало во најдобар ред, Теа ја споделила снимката од овој непријатен момент на својот профил на ТикТок, со симпатичен коментар: „Сешто сум доживеала при вклучувања во живо, но ова е нешто ново“.

останати вести