ВИРУСОТ НЕ СЕ СМИРУВА: Од 868 тестирани 67 се новозаразени во државава

by Тони Зографски

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека од 868 направени тестирања има 67 позитивни пациенти од Ковид 19 и еден починат пациент.

-Од вкупно 868 тестирани, 67 позитивни пациенти во изминатите 24 часа, во следните неколку часа ќе ја објавиме и деталната анализа по градови. Има 25 оздравени и 1 починат пациент, рече Филипче.

Во Штип се затворени пет конфекции. До вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти.

Полицаец од странство по враќањето од Унгарија е позитивен на коронавирус.

останати вести