Винсент Касел (59) пристигна во Кан со 30 години помладата девојка (ФОТО)

by Тони Зографски

Францускиот актер Винсент Касел (59) се појави на премиерата на филмот „Histoires Paralleles“ на Филмскиот фестивал во Кан во друштво на својата 30 години помлада девојка Нара Баптиста. Парот заедно позирал на црвениот тепих пред прикажувањето на филмот.

Касел и Баптист за оваа пригода биле модно усогласени. Актерот носел класичен црн костум и бела кошула, додека неговата партнерка избрала елегантен црн кадифен фустан без прерамки. Креацијата со набори ја дополнила со асиметрични обетки и црни салонки.

Врската ја потврдиле во Кан

Касел и Баптист се во врска од 2024 година, а токму во Кан првпат официјално ја потврдиле својата романса на црвениот тепих. Нивното појавување привлекло големо внимание во јавноста, делумно поради разликата во години, но и поради фактот што актерот по неколку познати врски и бракови повторно не ја крие среќата во љубовта.

Во јануари минатата година парот доби син, што за Касел е четврто дете. Од бракот со италијанската актерка Моника Белучи има две ќерки, Девa и Леони, додека со поранешната сопруга Тина Кунаки има ќерка Амазон.

Бракот со Моника Белучи со години ја интригира јавноста

Пред врската со Нара Баптист, приватниот живот на Касел најмногу се поврзувал со Моника Белучи, една од најпознатите италијански актерки. Тие се запознале во средината на деведесеттите на снимањето на филмот „L’appartement“, а хемијата од филмскиот сет набрзо се префрлила и во реалниот живот.

Се венчале во 1999 година и со години важеле за еден од најгламурозните европски актерски парови. Заедно настапувале и во неколку филмови, а нивната врска често привлекувала внимание поради силните личности, меѓународните кариери и фактот дека и двајцата биле многу барани во филмскиот свет.

Во бракот добиле две ќерки, Девa и Леони. Девa Касел денес и самата е познато лице во светот на модата и глумата, а често ја опишуваат како наследничка на убавината и харизмата на нејзината мајка.

Касел и Белучи се разведоа во 2013 година по 14 години брак. Иако се разделија, и двајцата во јавноста главно зборуваа со почит еден за друг и останаа поврзани преку родителството.

останати вести