Винсент Касел го доби четвртото дете на 58 години со 28-годишната девојка

by Тони Зографски

Винсент Касел се израдува на раѓањето на своето четврто чедо.

58-годишниот актер и неговата 28-годишна девојка Нара Баптиста го добија првото заедничко дете.

Убавата вест ја сподели Касел на својот профил на Instagram.

Погодете кој пристигна на 7 јануари 2025… веќе буден, полн со здравје, љубов и поезија. Најкул фраер досега“ – напиша тој.

Бебенцето го добило името Каетано.

Касел беше во брак со Моника Белучи од 1999 до 2013 година и заедно имаат две ќерки.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com