ВЕЌЕ ЗАБОЛЕЛЕ 6.000 ЛУЃЕ: Во Кина се појави нова опасна епидемија

by Тони Зографски

Повеќе од 6 илјади лица во Кина забoлеле од бруцелоза, бактериска инфекција која има симптоми слични на грип.

Болеста избила на северозапад на Кина, а обично настанува во контакт со животни, ја пренесуваат овци, кози, мачки, свињи, а во некои земји и кучиња.

Ширење на болеста почнало во кинеската провинција Гансу, а многумина од заболените завршиле во болница.

Луѓето таа бактерија ја добиваат обично во контакт со животни или животински производи, како што е непасеризирано млеко, сирење или по пат на инхалација со аеросол.

Пренесување на бактеријата од човек на човек е многу ретко.

останати вести