ВЕТЕНО-СТОРЕНО: Тренерот се соблече по гаќи, па правеше склекови (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Њујорк Сити на пенали го победи Портланд во МЛС финалето од плејофот и дојде до својата прва титула, а посебно шоу по мечот имаше нивниот тренер, Рони Деила.

Ѕвезда на вечерта по победата на Њујорк беше нивниот тренер, Норвежанецот Рони Деила кој го презеде клубот во 2020 година. Тој тогаш ветил дека ќе се соблече на теренот ако Њујорк Сити станат шампиони.

Тој го исполни ветувањето.  Имено, Деила застана пред навивачите опкружен со своите играчи, а потоа почна да соблекува се’ на задоволство на насобраните. Норвежанецот ја соблече јакната, кошулата и панталоните и само по гаќи правеше склекови, па го подигна победничкиот трофеј.

https://twitter.com/i/status/1469821293499461638

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com