665
Вчера, од каснување од оси почина велешанецот С. Љ. (60), додека бил на неговото работното место, во фирма во Речани. Веднаш била побарана здравствена помош од службата на Итна помош.
„Повикот е добиен во 11,05 часот, лицето имало убоди по целото тело, раце, лице. Било во кома, дадена му е ампуларна терапија, реанимирано и префрлено на анестезиологија во Велешката болница“, кажа д-р- Василка Пановска, началничка на Итната помош во Велес за СДК.
Од Велешката болница потврдиле дека добиле случај на лице кое било во тешка здравствена состојба.
„Донесен е пациент во лоша здравствена состојба, без знаци на живот. Реанимиран е, но без успех“, соопшти д-р Весна Николова-Неделковска, портпаролка на Општа болница Велес.
