ВЕДНАШ ЈА СМЕНИЛ: Министерката го исмеја лекот за коронавирус на претседателот

by Тони Зографски

Министерката за образование на Мадагаскар по кратка постапка е сменета откако најавила дека ќе им купи колачи на студентите за да го “исперат“ горчливиот вкус на чајот од пелин, за кој претседателот на таа земја тврди дека е лек против коронавирусот .

Министерката Ријасоа Андриманана претходно нарачала колачи во вредност од 2,2 милиони долари кои би се земале со чајот од пелин, за кој стручњаците предупредиле дека е бескорисен во борбата против ковид-19, пренесува Гардијан.

Таа истакнала дека колачите треба да го исперат горчливиот вкус на тоникот, кој претседателот Ендри Рајоелина има намера да го извезува, тврдејќи дека тој е “зелено злато на Мадагаскар“ кое ќе ја промени историјата.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com