Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Алергиска реакција се јавува кога имунолошкиот систем претерано реагира на супстанца која обично е безопасна; станува преосетлив на храна, полен, лекови, пчелин отров и други супстанци. Супстанцата која предизвикува алергиска реакција се вика алерген. Сé може да биде алерген, многу супстанци од секојдневниот живот може да се алергени за некои особи.
Имунолошкиот систем ги уништува штетните материи во телото. Ако некое лице има алергија на некоја супстанца, тогаш неговиот имунолошки систем реагира како таа супстанца да е штетна и ќе се обиде да ја уништи.
Првиот пат кога особата е изложена на алерген, обично не доживува реакција. Потребно е време имунолошкиот систем да изгради осетливост на супстанцата. Со тек на време, имунолошкиот систем учи да го препознеа и запомни алергенот. Почнува да создава антитела за да го нападне кога пак ќе се појави.
Некои алергии се сезонски. Поленската треска достигнува врв во април и мај, кога количината на полен од дрвјата и тревата во воздухот е поголема.
Алергиската реакција предизвикува инфламација и иритација. Кога ќе се јави алергиска реакција, алергените се врзуваат за антителата во телото. Се ослободуваат материи кои ги активираат симптомите на алергиската реакција. Таква хемикалија е хистаминот кој предизвикува стегање на мускулите во дишните патишта и зидовите на крвните садови, а слузницата на носот произедува повеќе слуз.
Алергиска реакција може да се јави во очите, носот, дишните патишта, цревата, на кожата. Специфичните симптоми зависат од типот на алергенот.
Прашина и полен: конгестија, запушен нос, чешање во очите и носот, течење на носот, отечени и насолзени очи, кивање, кашлање.
Убод од инсекти: отежнато дишење, кашлица, стегање во градите, немир, оток, чешање и исип на местото на убодот, пад на крвниот притисок, вртоглавица.
Храна: отечен јазик, трнење или чешање во устата, оток на усни, лице и грло, тежнато дишење, повраќање, грчеви во стомак, дијареа, ректално крварење (главно кај деца).
Лекови: отежнато дишење, оток на усни, јазик и лице, осип, чешање. Ако симптомите станат сериозни, може да се развие анафилакса.
Анафилакса е најтешка форма на алергиска реакција, итна медицинска состојба, опасна по живот. Може да се развие брзо, во тек на неколку минути или часови. Најчесто влијае на дишните патишта и на кожата: исип, црвенило и чешање, оток, отежнато дишење, низок крвен притисок, срцебиење, вртоглавица, губиток на свест.
Фактори на ризик: особи под 18 гдини, лична или семејна историја за астма или алергии.
Вообичаени алергени: потенцијални алергени има насекаде. Намирници со најголема веројатност за алергија се: јајца, особено белка, риба, млеко, кикиритки, јадки, пченица, соја, школки.
Други вообичаени алергени: крзно од домашни миленици, првут, делови од кожа или плунка, мувла, лекови (пеницилин), лебарки, мушички, молци, полен, хемикалии од домаќинството, метали (никел, кобалт, хром, цинк), латекс.
Дијагноза: крвни анализи, тестови за боцкање на кожата, пач тестосви.
Третман: најдобро е да се избегнува алергенот што не е секогаш можно.
Лековите не ја лекуваат алергијата, помагаат да се контролираат симптомите: антихистаминици, деконгестиви, кортикостероиди, имунотерапија (помага да се развие долгорочна толеранција), антилеукотриени.