Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Менопаузата го означува крајот на менструацијата. Технички, жената влегува во менопауза 12 месеци по последната менструација, но перименопаузата започнува години порано, носејќи со себе симптоми уникатни за секоја жена. Малку внимание се посветува на оваа транзиција – или како ефикасно да се третира.
Перименопаузата, или транзицијата во менопауза, може да започне околу 45 до 55 години, траејќи во просек седум години, но понекогаш опфаќа и една деценија. Ова е природен процес. Некаде во средината на 40-тите години, обично започнуваат промени во нивоата на хормони. Во овој период, јајце клетките се ослободуваат поретко, што доведува до нередовни менструални циклуси.
Менопаузалната транзиција е животна фаза поврзана со дисрегулацијата на повеќе биолошки системи што води до зголемена ранливост на многу органски системи поради падот на циркулирачките полови хормони.
Транзицијата во менопаузата влијае на секоја жена уникатно и на различни начини. Телото почнува да ја користи енергијата различно, масните клетки се менуваат, а жената може полесно да добива на тежина. Настануваат промени во здравјето на коските и срцето, обликот и составот на телото и физичката кондиција.
Патувањето на секоја жена е различно, бидејќи варира производството на хормоните естроген и прогестерон, кои ги произведуваат јајниците, за време на перименопаузата. Како што се намалуваат нивоата на хормоните, се јавуваат различни симптоми:
– вазомоторни симптоми, топли бранови и ноќно потење
– кардиолошки и невролошки проблеми
– остеопороза
– нарушувања на спиењето
– напнатост во дојките
– слабост, болки во мускули
– пораст на тежиината, инсулинска резистенција, дебелина
– сува кожа
– опаѓање на коса, промена на квалитетот
– намалено либидо, сексуална дисфункција
– заборавност
– главоболка, мигрена
– намален фокус, намалена концентрација
– уринарна инконтиненција, ургентност
– иритабилност, анксиозност, нетрпеливост
– намалена мотивација и енергија
– променливо расположение и депресија
Повеќето жени не се едуцирани за менопаузата, се справуваат со менопаузата без да им се даде можност за третман, не ги лекуваат симптомите затоа што не знаат дека имаат опција.
Да си помогнеме со:
– балансирана исхрана богата со калциум и витамин Д
– редовно вежбање; аеробните вежби и вежбите со отпор можат да доведат до намалување на топлите бранови, поквалитетно спиење, намален замор, подобра ментална благосостојба (поврзана со анксиозност и депресија)
– ограничувањето или избегнувањето на кофеин, алкохол, додадени шеќери и зачинета храна, помага во намалување на топлите бранови и ноќното потење
– храна богата со фитоестрогени, соја, тофу и ленено семе, може да помогне во балансирањето на нивоата на хормони – млечни производи, јогурт, млеко и сирење – лиснат зелен зеленчук, кељ, спанаќ – грав – сардини
– масна риба, лосос
– јајца
– одржување умерена, здрава тежина
