ВАША ОРДИНАЦИЈА: Менопауза – што е најдобро да јадеме?

by Тони Зографски

Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска

интернист-нефролог

ПЗУ Зегин Интермедика

Менопаузата е природна преодна фаза во животот на секоја жена. Обично започнува помеѓу 45 и 55 години и го означува крајот на плодноста. Жените се соочуваат со предивици за полесно да се пребродат хормоналните, физичките и емоционалните промени.

За време на менопаузата јајниците постепено престануваат да ослободуваат јајце клетки, се намалуваат половите хормони естроген и прогестерон. За многу жени ова е и емотивно тежок период, промена во идентиетот и преод во нова фаза од животот.

Перименопауза е почеток на преодот во менопауза. Започнува околу 40-тата година и вклучува промени во менструацијата и должината на циклусот. Кај некои жени се јавуваат и топли бранови, проблеми со спиењето. Промените се резултат на скокови и падови на хормоните додека јајниците се подготвуваат да влезат во менопауза и да престанат да произведуваат јајце клетки.

Клучот за полесен преод може да е во исхраната и животниот стил. Одредена храна природно може да помогне да се балансираат хормоните и да се ублажат симптомите за време на оваа животна транзиција.

Симптомите во менопаузата и перименопаузата се слични; во перименопаузата обично се поблаги. Жените обично имаат комбинација од симптомите:

– нередовни и отсутни менструации

– ноќно потење

– жешки бранови

– проретчена коса

– пораст на тежината

– проблеми со спиењето

– болки, грчеви во мускулите

– зголемен крвен притисок

– намалување на коскената густина

– сувост на вагината и намалено либидо

– раздразливост, анксиопзност, депресија

– замор

Начинот на живот и исхраната имаат голема улога во хормоналната рамнотежа и појавата на симптоми. Со мали промени може да се врати убавото чувство и да се ублажат мсимптомите.

Фитоестрогени се соединенија кои се врзуваат за естрогенските реептори и имитираат зголемување на нивото на естроген. Симптомите на менопауза се ублажуваат:

– ленено семе, има многу фитоестрогени (лигнани)

– сусам, богати со фитоестрогени

– соја, содржи фитоестрогени (изофлавони), внимавајте да не е ГМО (генетски модифицирана)

– суви кајсии, богати со различни фитоестрогени и растителни влакна

– индиски ореви, високо ниво лигнани

– брокула и бриселско зеље

Фитопрогестини се соединенија кои поддржуваат продукција на прогестерон. Има четири главни фитопрогестини:

– кемпферол: брокули, капари, рукола, кале, јаболки, грозје, зелен чај

– апигенин: магдонос, портокали, кромид, целер, зелен и црн чај

– лутеолин: артичоки, целер, брокула, портокали, моркови, рузмарин, мајчина душица, оригано

– нарингенин: грејпфрут, кисел портокал, цреши, домати, црно чоколадо

Оваа храна допринесува за благосотојбата и убавото чувство.

За жени кои се со зголемен ризик за рак на дојка или веќе се борат со оваа болест се препорачува консултација со доктор за насоките во исхраната.

останати вести