Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Пиењето доволно течност, главно вода, е најважно за да се спречи појава на камења во бубрезите, освен ако немате бубрежна слабост.
Прекумерната тежина, голем внес на натриум и протеини со исхраната го зголемуваат ризикот од создавање на каменчиња во бубрезите.
Со промена на исхраната можеби ќе може да се спречи создавање на каменчиња во бубрезите.
При калциум оксалатни каменчиња да се:
– намали внесот на храна богата со оксалати за да се намали количеството на оксалат во урината: јадки, кикирики (кои се мешунки богати со оксалатти), спанаќ, пченични трици, чај, чоколадо
– намали натриумот кој е дел од солта. Натриум има многу во готова пакувана, конзервирана, брза храна, туршија, готови супи, во многу зачини и во месото.
– ограничат животинските протеини: говедско, пилешко и свинско месо, особено месо од внатрешните органи, јајца, риба и школки, млеко, сирење, млечни производи
– да се заменат со протеини од растителна храна богата со протеини и малку оксалат: грав, грашок, леќа
– внесува доволно калциум од растителна храна со малку оксалати.
При калциум фосфатни каменчиња:
– да се намали внесот на натриум
– да се ограничи внесот на животиснки протеини
– да се заменат со растителна храна богата со протеини (грав, грашок, леќа, кикирики, јадки, бадеми, индиски ореви, фстаци, сончоглед)
– да се внесува доволно калциум од растителна храна (брокули, бадеми, зелен зеленчук, чиа, суви кајсии, смокви).
При каменчиња од урична киселина:
– да се ограничат животинските протеини, особено месо од внатрешни органи
– да се заменат со растителни протеини
– да се намали килажа ако сте со вишок килограми.
При цистински каменчиња најважно e
– пиењето доволно течност
– намалување на внесот на натриум.