ВАША ОРДИНАЦИЈА: Дали атлетското стапало се јавува само кај атлети?

by Тони Зографски

 

Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)

 

Атлетско стопало е честа габична инфекција на стопалата. Но, не морате да бидете спортист за да ја добиете оваа инфекција. Ова упорно и досадно заболување се јавува и кај мажи и кај жени, иако повеќе кај мажи.

Независно дали имате или немате атлетско стопало, значајно е да разберете како да ја третирате оваа инфекција и како да ја избегнете.

Атлетско стопало предизвикуваат различни габички кои припаѓаат на групата дерматофити. Овие габички се развиваат во затворена, влажна средина и се сретнуваат во соблекувлни, јавни базени, тушеви, купатила и бањи, на стари и нови чевли. Се хранат со кератин, протеинот кој се наоѓа во коса, нокти и кожа. Ако се движите со боси стопала во ризични средини го зголемувате ризикот да добиете атлетско стопало. Но зависи и од предиспозицијата, на пр. имунокомпромитирани личности или дијабетичари исто имаат поголем ризик за настанокт на атлетско стопало.

Симптомите на атлетско стопало се лесно препознатливи по чешањето и чувството на печење. Кожата на стопалото и меѓу прстите почнува да се лупи, пука па дури се формираат и мали пликови.

Габичните инфекции се тешки за третман и често се повторуваат. Најдобри резултати се постигнуваат со ран третман пред инфекцијата да се вкорени.

Значајно за атлетско стопало е промена на средината која овозможува развој на габичките. Наједноставен совет е носење чевли со отворени прсти кога е возможно. Често менување на чевли и чорапи е од помош, потоа користење на пудра на стопалата и меѓу прстите помага да се апсорбира валагата. Изложувјте ги стопалата на сонце и воздух. Но ова се само мерки кои помагаат, ама не ја лечат инфекцијата.

За лечење на атлетско стопало потребен е сеопфатен третман и правилно спроведување на терапијата до крајно излекување.

П.О. третманот е неопходен во третманот на атлетско стопало. Паметниот Питиум Олигандрум ги елиминира патогените габички на кожата и ноктите, ги наалува симптомите на габична инфекција, ги неутрализира непријатните мириси и дури го намалува потењето на стопалата.

 

останати вести