Русокосата старлета со бујни облини Даниела Чавез не престанува да ја изненадува јавноста.Девојката која го раздели најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо од убавата Ирина Шајк има голема тајна.
Повеќето фудбалски фанови кои го следат Кристијано Роналдо сигурно слушнале за неговата авантура со Чилеанката Даниела Чавез. Ноќта со Кристијано ја направи екстра популарна.

Со над 18 милиони обожаватели само на Инстаграм под прекарот „Секси кралица“, и исто толку на Тик-Ток, Даниела Чавез е меѓу најследените модели на таа социјална мрежа.


Таа ја изгради својата кариера како пејачка, „шоугерл“, а сними и неколку филмови за возрасни. Во последните години, русокосата Јужноамериканка е редовен дел од розовите хроники.

Пред неколку години, Даниела Чавез направи вистинска хаос со признанието дека имала секс со Кристијано Роналдо и дека го снимала нивниот интимен чин.


Наводно, нивната фатална средба се случила во 2015 година, кога Португалецот бил во сериозна врска со познатата манекенка Ирина Шајк. Кога дознала што се случило, убавата Русинка не можела да му прости за неговата измама.

– На почетокот, Кристијано бил многу срамежлив, но кога станал похрабар, станал вистински маж, иако малку исплашен. Ме сакаше, но тоа не беше поентата. Само сакав да го исполнам мојот сон и да имам секс со него. Тој беше фасциниран од моето тело. Му се допаѓаше моето лице, моите гради и фактот дека никогаш не спиел со модел на Плејбој – таа не се срамеше да зборува за Роналдо, Даниела Чавез.

Сега бујната Даниела која се фали дека годишно заработува и до 6 милиони долари откри дека има 18- годишна ќерка која тргнала по нејзините стапки и веќе е позната инфлуенсерка.


