БУГАРСКИТЕ ПЛАЖИ ПРАЗНИ: За 5 евра лежалка и само вода (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бугарските туристички работници се жалат на лошата турстичка сезона. Причина за тоа е што закупците на плажите наплаќаат 10 лева за изнајмување лежалка, па затоа плажите зјаат празни. За 5 евра туристите  добиваат само шишенце минерална вода.

Празните лежалки говорат за тоа дека годинава е драстично намален бројот на туристи, а особено е алармантна состојбата во Албена и Сончев брег.

Ако одите на одмор во Бугарија, треба да внимавате каква храна ќе понесете, бидејќи цариниците нема да ви прогледаат низ прсти ако најдат во возилото месо и млечни производи. Таму не можете да одите на патлиџан-туризам. Во Бугарија смеете да понесете литар жесток алкохол, но со максимум 22 отсто алкохол, 4 литри вино или 16 пива. Можете да внесете 200 цигари, односно една штека. Од храна, смеете да понесете два килограми храна за деца, 2 килограми риба, но воопшто месо и млеко и млечни производи.

Къде са туристите?

Агонизиращата бавна смърт на Българския Туризъм на видео!Събота – 11:00 часа – 29-ти Юни 2019 год – Слънчев Бряг!Приятно гледане!

Posted by Спаси Варна on Saturday, June 29, 2019

останати вести