БРУТАЛНО УБИСТВО: Колумбиски фудбалер бил распарчен, па во вреќи фрлен во река (ФОТО)

by Тони Зографски

Ужасна трагедија го потресе фудбалскиот свет. Имено, колумбиската фудбалска легенда Хуан Диего Гонзалез (40) бил убиен, па распарчен на делови и потоа во вреќи фрлен во реката Меделин на 27 февруари, а завчеравечер делови од неговото тело биле пронајдени во Колумбија.

Телото на Гонзалез било пронајдено во Антиокија, на 15 километри од Меделјин распарчено и ставено во вреќа, заедно со второ тело на уште едно 19-годишно момче. Властите веруваат дека се работи за расправија за пари во Меделјин, градот на Пабло Ескобар и на колумбиската кокаинска мафија.

Според некои медиуми Гонзалез наводно имал нерасчистени долгови, па веројатно тоа е причината за убиството, иако полицијата тврди дека засега нема сознанија или информации за мотивите за ваквото грозоморно убиство.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com