Бремената Кети Пери избега од хотелот во кој беше заразениот Том Хенкс (ФОТО)

by Тони Зографски

Бремената пејачка Кети Пери (35) си замина од Австралија откако беше сместена од хотелот во кој престојуваа заразените од коронавирусот, глумецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон.  Таа ја скрати турнејата откако изби паника од коронавирусот.

35-годишната пејачка е видена како излегува од автомобил и оди кон сиднејскиот аеродром.  Кети облекла темно-сива тренерка и сив дукс. На рацете носела ракавици, а на главата качулка и слушалки. Перницата си ја потпрала на устата, а носела и црни наочари.

Инаку, Кети Пери била 24 часа заробена во хотелот “Парк Хајат“ во Сиднеј во кој биле сместени Том Хенкс и жена му кои се сега во изолација.

Нејзиниот вереник Орландо Блум исто така поради коронавирусот го промени својот работен распоред.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com