Манекенката Џиџи Хадид (31) и актерот Бредли Купер (51) поттикнаа шпекулации дека се венчале откако вчера беа забележани во Париз. Додека шетале низ градот, двајцата носеле прстени на домалиот прст од левата рака, а фотографите ги снимиле насмеани и додека се држат за раце. Тие биле облечени лежерно и носеле очила за сонце.

Хадид и Купер генерално не ја откриваат својот однос во јавноста. Гласините за врската започнаа во октомври 2023 година по заедничка вечера во Њујорк, а официјалната потврда дојде во мај 2025 година. Потоа моделот објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм од прославата на нејзиниот 30-ти роденден. Двојката последен пат беше видена заедно во јавност во јули, кога присуствуваа на венчавката на Тејлор Свифт и Тревис Келси во Њујорк.
И Хадид и Купер имаат деца од претходни врски. Хадид е мајка на петгодишната Каи со поранешниот партнер Зејн Малик, додека Купер има деветгодишна ќерка Леа Де Сеин со поранешната партнерка Ирина Шајк. Извор изјави за „Пипл“ во јануари 2025 година дека нивните ќерки поминуваат време заедно.
„Тоа е многу слатко. Тие се зафатени со работа, но најважно им се нивната врска и нивните ќерки“, рекол извор за странските медиуми.
