Бранко Црвенковски доби Фејсбук страна (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека се враќа во политиката. На Фејсбук се појави страница која го носи неговото име и на која има негови настапи, изјави и фотографии.

Засега не е познато дали е ова негова лична страница или пак има администратор кој му ја уредува.

Инаку, Бранко Црвенковски останува на ставот да не коментира ништо и дали има намера повторно да се активира на политичката сцена во Македонија.

 

останати вести