Бијонсе откако ја заврши својата историска турнеја „Каубој Картер“ во јули, за време на која ја видовме во безброј комбинации со кожни панталони, крзна и каубојски шапки, пејачката се врати на гламурот на Стариот Холивуд. Таа го прослави својот 44-ти роденден, кој беше на 4 септември, во особено сензуално издание.
Како што објавува „Бастл“, Бијонсе пред неколку дена се огласи на Инстаграм за да им се заблагодари на своите обожаватели.
„Ви благодарам многу за љубовта на мојот роденден. Му благодарам на Бога за уште една година. Мир и љубов.“ Заедно со пораката, се разбира, таа сподели и фотографии од нејзината роденденска облека.

„Голата мода“ во голема мера владее со модната сцена и ниту еден настан не поминува без познатите дами да прошетаат во токму таков стајлинг, а овој пат и Бијонсе се решила за истиот. Имено таа носела проѕирен бордо фустан, составен од тесен корсет што продолжувал кон долниот дел што ја следи линијата на телото, а бил инспириран од долна облека.

Бијонсе креацијата дополнително ја „зачини“ со крзнен капут што се спуштал по нејзините рацете.

Фустанот го надополни со црни сандали со отворени прсти, а не носела накит, туку наместо тоа, имаше чипкани ракавици во иста боја како фустанот, а глетката одзади изненади многумина.
