БИЛ РОДЕН ВО РУСИЈА: Службеничка во банка во Битола не сакала да му отвори сметка на композиторот Миодраг Неќак

by Тони Зографски

На композиторот Миодраг Неќак од Битола вчера не сакале да му отворат трансакциска сметка во банка, бидејќи му пишувало дека бил роден во Санкт Петерсбург, Русија.

“Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.
Денес се обратив за трансакциска сметка за физичко лице.
Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.
Госпоѓата – госпоѓицата ми ги образложи условите.
Ги прифатив.
Ја започна постапката.
Стигна до местото на раѓање.
Санкт Петерсбург – Русија.
“Се извинувам, сега го забележав местото на раѓање. Не смеем да Ви отворам сметка бидејќи вашето место на раѓање е Русија”.
Ми ја врати личната карта и со нетрпение чекаше да ја напуштам банката.
Sparkasse експозитура – филијала БИТОЛА.” , пишува на Фејсбук, Миодраг Неќак.

останати вести