БИЛА СМЕСТЕНА ВО ДОМ: Мајката на Катица починала во Скопје

by Тони Зографски
Мајката на Катица Јанева, специјалната обвинителка која доби 30. дневен притвор во Шутка, починала во Скопје, а не во родната Гевгелија.

Здравка Делиџакова по долго и тешко боледување починала во Скопје, на денот на апсењето на Катица, па затоа и обвинителката била во домот во Козле, а не во родното место, дознава Фокус.

Имено, поради тешката здравствена состојба во која се наоѓала, таа веќе цела година била сместена во дом за стари и изнемоштени лица во Скопје, каде завчера починала.

Делиџакова вчера беше погребана на градските гробишта во Гевгелија. Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина на погребот на својата мајка, но и се слоши во капелата, па беше вратена назад.

останати вести