БИЗАРНА НЕСРЕЌА НА СКИЈАТОС: Туристка била фрлена во морето од издувните гасови на авионски мотор (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Незгодата се случила на аеродромо во Скијатос каде туристите и жителите на островот се собираат за да го набљудуваат полетувањето на авионите.

На снимката објавена на социјалните мрежи е снимен моментот кога британска туристка е соборена од силината при издувувањето на гасовите од турбината на авионот што полетал од аеродромот во Скијатос во вторникот вечерта.

Жената (61) се здобила со повреди на мозокот и други повреди и била пренесена во болница во Волос.

Ова е втора слична несреќа во последните неколку седмици. Во јуни 79-годишен маж се здобил со полесни повреди по млазна експлозија на патнички авион.

останати вести