Бела Хадид повеќе не е најубавата жена во светот (ФОТО)

by Тони Зографски

Науката одбра нова најубава жена во светот, станува збор за англиската актерка Џоди Комер, најпозната по улога во серијата „Killing Eve“.

Со употреба на старогрчка метода на пресметување, Џоди Комер е прогласена за најубавата жена во светот. Во обѕир се земени низа фактори, а колку што е лицето поблиску до пропорциите 1:1,618, толку таа личност е посовршена.

Džodi Komer prema zlatnom preseku ima najlepše crte lica

Според тоа, очите, веѓите, носот, усните, брадата, вилицата и обликот на лицето на Комер се најблиску до идеалните мерки, со резултат од 94,52%. Актерката наиде на „сериозна“ конкуренција во познатите убавици Зендаја, Бела Хадид и Бијонсе кои беа споредувани и блиску до совршениот резултат.

Džodi Komer je proglašena za najleošu ženu na svetu

Листата на убави жени според научната формула ја креираше естетскиот хирург д-р Џулијан Де Силва, кој води Центар за напредна козметичка и пластична хирургија на лица со помош на компјутерски потпомогната техника на мапирање.

„Џоди Комер е очигледна победничка кога беа измерени сите елементи на лицето за физичко совршенство“, изјави Де Силва.

Втора на листата се најде Зендаја, додека Бела Хадид падна на третото место. По неа се најде Бијонсе, која заврши на четврто место.

Bela Hadid našla se na trećem mestu

останати вести