БАЛКАНОТ СЕ ТРЕСЕ: Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во македонски градови

by Тони Зографски

Доцна синоќа серија земјотреси го потресоа Балканот.

Земјотрес со јачина од 4.7 степени по Рихтеровата скала прво ја затресе Грција. Според ЕМСЦ, регистриран е точно во 23 часот и 31 минути.

Според Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Костур.

Земјотресот е почувствуван и во Македонија, најмногу во Битола, Ресен, Охрид…

На овој земјотрес, претходел и друг потрес во Грција од 3.5 степени.

Синоќа серија земјотреси ја погодија и Албанија, односно се тресело тлото во градовите Корча и Елбасан.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com