БАЛИ БЕГ Е МИНАТО: Турчинките најмногу го сакаат глумецот Акин Акинозу (ФОТО)

by Тони Зографски

Младиот турски актер Акин Акинозу, кој го игра главниот лик во хит-серијата “Hercai “е на врвот на листата кога станува збор за најпосакуваните мажи во Турција.

Акин, кој е на почетокот на својата актерска кариера, со улогата на Миран-ага покажа дека е одличен актер. Интересно за него е што тој е професор по математика, а заврши на престижниот американски универзитет „Беркли“.

„За мене, проучувањето на математиката е како проучување на универзалниот јазик. Јас го избрав ‘Беркли’ и брзо сфатив дека добро ми оди. Но, потоа решив да се занимавам со глума затоа што сум заинтересиран за односите и емоции што владеат со луѓето, но и проблемите меѓу нив“, изјави Акин во интервју за „Космополитен“.

Тој последниве неколку месеци е особено популарен. Дамите во Турција сметаат дека Акин наскоро ќе стане “Број 1 и дека ќе го земе местото на Бали Бег, кој веќе неколку години е на врвот“, пренесоа турските медиуми.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com