Балетан си го истетовира на градите Путин (ФОТО)

by Тони Зографски

Контроверзниот руски балетан Сергеј Полунин на градите го истетовира ликот на Владимир Путин. Балетанот во неколку слики на „Инстаграм“ го величи лидерот на Русија.

„Му благодарам на Владимир и на секој кој се бори за доброто. Ве почитувам. Не е лесно да се биде силен и да се одбере доброто. Љубовта е добра и е најмоќна“.

Како што растела љубовта на Сергеј кон Путин, тој го сменил и државјанството. Така Полунин од ноември минатата година повеќе не е Украинец туку Рус.

Инаку, овој  балетан кој на 19 годишна возраст стана првенец на британскиот Ројал Балет, е познат дека на сцената се појавувал пијан и дрогиран,  давал интервјуа со навред, но изгледа објавите за Путин и за мажите ги погоди првите луѓе на балетските куќи, кои веќе не можат да замижуваат само поради огромниот талент на балетанот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com