Бабунски ќе го води Вардар против Воска, замина и тренерот Грнчаров

by Тони Зографски

Турбуленции во најтрофејниот македонски клуб Вардар. По двата порази на стартот на сезоната, заминаа спортскиот директор Александар Бајевски и тренерот Бобан Грнчаров. На претстојниот натпревар со Воска, тимот ќе го предводи Бобан Бабунски, кој неодамна беше именуван за координатор на младинската школа на клубот.

Вардар ги загуби првите два натпревари од новата сезона. Загуби минимално и на гостувањето против Брера (0-1), а потоа и на домашен терен од Шкупи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com