Атрактивно издание на Хали Бери: Длабоко деколте и здолниште украсено со драгоцени камења (ФОТО)

by Тони Зографски

 Во Лондон се одржа премиерата на филмот „Crime 101“, а ѕвезда на вечерта била холивудската актерка Хали Бери.

Таа годинава ќе наполни 60 години, а со синоќешното појавување покажала дека старее како вино.

Хали Бери во моќна комбинација ја истакнала својата беспрекорна фигура, на која многумина би ѝ позавиделе.

Горниот дел од стајлингот го сочинувало тесно црно боди со долги ракави од „Ilkyaz Ozel“, со длабоко V-деколте кое се спуштало до под градите. Беше атрактивно, но не и вулгарно.

Актерката го „зачинила“ горниот дел од комбинацијата со дол ѓердан со приврзок во форма на цвет.

Долниот дел од модното издание го сочинувало сребрено макси-здолниште, целосно украсено со драгоцени камења, што внело разиграност во целата комбинација.

Актерката ја надополнила модната комбинација со црни потпетици со платформа и масивни прстени.

Актерката претходно истакнала дека „стареењето е привилегија“, а со своето појавување гледаме како ѝ пркоси на природата.

„Се чувствувам добро во својата кожа, се грижев за неа. Секоја брчка што ја имаме е дел од нашата убавина додека старееме“, истакнала холивудската ѕвезда.

останати вести