Европско фудбалско првенство започнува вечерва во Рим, кога од 21 часот Италија ќе се сретне со Турција. На „Олимпико“ се очекува една гламурозна церемонија на отворање на турнирот на која ќе учествуваат и светски познати музички ѕвезди. Андреа Бочели, Боно, Мартин Гарикс и Еџ ќе бидат централни фигури на програмата наречена “Триумф на Европското пренство“ на која ќе има и виртуелен перформанс што ќе користи врвна технологија за да ги приближи навивачите кон подигнувањето на завесата на натпреварувањето.
Бочели ќе ја испее аријата од Пучини, „Несун Дорма“ а настанот ќе вклучи појавување и на легендите на римските клубови Рома и Лацио, Франческо Тоти и Алесандро Неста, кои ќе шутираат топки на трибините за да го означат враќањето на навивачите на стадионите. Во центарот на градот ќе се отвори „фудбалско село“ на Пјаца дел Пополо, кое ќе може да прими 1.680 луѓе, со што ќе биде најголемата фан зона за време на првенството.
Инаку, Македонија е еден од двата дебитанта на ова првенство, покрај Финска, а својот прв меч ќе го има в недела, против Австрија во Букурешт (18 часот).
Comments are closed.