Ана Ивановиќ повеќе не може да ја крие болката: Со еден потег по разводот признала сè (ФОТО)

by Тони Зографски

Иако на фотографиите се труди да ја задржи насмевката, Ана Ивановиќ поминува низ период на големи промени по разводот од Бастијан Швајнштајгер.

Поранешната шампионка пронашла утеха во книгата „Најголемото чудо на светот“, која ја читала за време на одморот на море.

Станува збор за инспиративно дело што се занимава со пронаоѓање на внатрешниот мир, љубов и сила во предизвикувачки животни моменти.

Не е изненадување што многумина нејзиниот избор на книга го доживеаја како симболична порака — Потрагата на Ана по рамнотежа и ново поглавје во животот.

а фотографиите може да се види Ана во костим за капење, боса на песокот, додека опуштено ги прелистува страниците на книгата и повремено се насмевнува.

Делува дека токму во тие моменти го пронаоѓа спокојот и зракот радост, и покрај сè што ѝ се случува.

Каква приказна стои зад оваа книга?

„Најголемото чудо на светот“ е дело инспирирано од личните искуства на писателот Ог Мандино, кој преку пријателството со мудриот и скромен Сајмон Потер пронашол нова животна перспектива.

Централниот дел на книгата го сочинува „Божјиот меморандум“ – збирка правила и насоки кои авторот најпрвин ги применува врз себе, а потоа ги пренесува и на читателите.

Пораката е јасна: со секојдневно практикување на овие совети, човек може да ја пронајде внатрешната сила, да го облагороди сопствениот живот и да го отвори патот кон личната среќа. Токму тоа, изгледа, сега го бара и Ана Ивановиќ.

останати вести