Американската пејачка и инфлуенсерка Адисон Реј ги изненади своите обожаватели откако за новото издание на „W Magazine“ позираше во смело издание.
Имено, таа се фотографирала облечена во краток џемпер и долна облека, а градите ги „покрила“ со налепници во форма на срце. На насловната страница се појави во бел фустан.

Пејачката позирала и во уште неколку модни комбинации, вклучително и креација што го истакнува нејзиното деколте. Говорејќи за својот прв албум „Addison“, кој го објави во јуни оваа година, изјави:
„Им верувам на својата интуиција, на срцето, на говорот на телото. Сакам да комуницирам преку телото, музиката, звукот и енергијата“.

Во јули Реј беше гостин изненадување на концертот на Лана дел Реј на стадионот Вембли, што за неа било остварување на сонот. Заедно ја изведоа песната „Diet Pepsi“.
„Да стоиш покрај некој кого длабоко го почитуваш, кој толку грациозно ја живее својата вистина — тоа ми го смени животот. Сè се ‘склопи’ магично и неочекувано“, наведе таа.

Адисон Реј стана позната во 2019 година на ТикТок. Со повеќе од 88 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, таа се наоѓа на петтото место на листата на најпопуларни тиктокери во 2025 година. Својот дебитантски сингл под наслов „Obsessed“ го објави во 2021 година.





