Американка му открива на светот како се живее на Балканот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американката Хелен Сула се преселила во Црна Гора, па на својот профил на Тикток открила кои работи посебно ја изненадиле на Балканот.

Хелена Сула, блогерка од Америка, се преселила во Црна Гора. Таа е многу активна на социјалните мрежи, а сега на ТикТок откри на кои работи не може да се навикне. Претходно, таа истакна дека сите земји на Балканот се многу безбедни, а сега дека постојат и такви што ја шокирале.

Пушење и ракија

„Навистина ми е тешко да прифатам некои работи. Најважно е што луѓето овде сè уште пушат многу, и тоа дури и во затворени простори. Се пуши буквално секаде. Внатре, надвор… Каде и да се наоѓате, некој пуши. Во Америка не познавам никој што пуши. Знам дека тоа зависи од локацијата, но во Црна Гора и на Балканот воопшто, луѓето пушат секаде и тоа е сосема нормално“, вели таа, додавајќи дека ѝ е чудно што некои луѓе во Црна Гора пијат ракија дури и пред утринското кафе.

„Како ова го нема во Црна Гора?“

Хелена истакнува дека е изненадена што во Црна Гора нема „Мек“, „Старбакс“, па дури ни „Епл“.

„Тие продавници едноставно не постојат овде, што ми е интересно, но затоа има места со ќебапи на секој чекор. Искрено, вкусни се. Не сум голем обожавател на „Мекдоналсд“, но некогаш ви доаѓа само да возите до таму и да земете „кока-кола лајт“ преку прозорецот, но тоа не е можно овде. Освен тоа, нема ниту „кока-кола лајт“. Имаат само „кока-кола зеро“, вели Американката.

„Луѓето навистина веруваат дека ќе се разболат од клима-уредот“

„Луѓето овде искрено веруваат дека клима-уредите предизвикува настинки. Тие навистина мислат дека можат да се разболат од климата. Постојано зборуваат за тоа. Кажуваат како биле во Америка и се разболеле поради климатизацијата во хотелската соба“, вели Хелена, додавајќи дека не може да верува оти луѓето не се поздравуваат едни со други на улица:

„Кога ќе поминеш покрај некого на улица, никој не те погледнува. Нема насмевка, нема кимнување. Не постоиш. Едноставно, никому не му е гајле.“

„Никогаш порано не сум го видела ова“

Хелена е изненадена од начинот на кој функционира сообраќајот.

„Луѓето навистина возат лудо. Многу агресивно и брзо, патиштата често се кривулести и тесни, и често без заштитна ограда. А освен тоа, децата често седат напред, на совозачкото седиште! Никогаш порано не сум видела такво нешто. Дури и во главниот град, во Подгорица, луѓето возат по кружен тек со дете на предното седиште. Интересно, во најмала рака“, заклучува таа.

Watch on TikTok

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com