Американец го посетил цел свет, но една Балканска земја ја издвоил како омилена: „Таму ќе ви дадат сè“

by Тони Зографски

Американецот Камерон Мофид, најмладиот патник што посетил 195 земји во светот, ја издвои Србија како негова омилена земја на Балканот за време на гостувањето во американски подкаст.

Тој објасни и зошто верува дека жителите на целиот регион се неправедно потценети во светот.

Србија се издвојува од останатите

Кога домаќинот го прашал која балканска земја му е омилена откако патувал низ целиот свет, Мофид без многу размислување одговори дека тоа е Србија.

„Тоа е регион што светот многу го потценува. Мислам дека сите земји таму се одлични, но според мене, Србија дефинитивно е број еден и се издвојува од останатите“, рекол тој.

Автентичноста и гостопримството оставија посебен впечаток

Мофид бил особено импресиониран од Белград, за кој вели дека зрачи со историја и култура. Тој се осврнал и на начинот на кој луѓето ширум светот ги перцепираат жителите на Балканот.

„Источноевропејците, особено Балканците, генерално имаат лоша репутација. Луѓето мислат дека се ладни и непријателски настроени. Всушност мислам дека тоа е добра работа, бидејќи воопшто не се лажни и не се преправаат“, објаснил Американецот.

Тој додал дека на почетокот можеби е потешко да се воспостави контакт со луѓе од овој регион, но дека сè се менува откако ќе се надмине почетната дистанца.

„Можеби на почетокот е тешко додека не ги запознаете, но штом тоа ќе се случи… човече, ќе ви дадат сè. Ќе ве поканат во нивниот дом и ќе се чувствувате како дел од семејството“, рекол Мофид.

Ноќен живот кој не е само за шоу

Тој, исто така, го пофалил ноќниот живот на Балканот, кој го опишал како спонтан и фокусиран на дружење.

„Ноќниот живот е апсолутно одличен. Тие сакаат да се забавуваат, но тоа не е вештачкиот ноќен живот што го гледате во Шпанија, Франција или Италија. Овие луѓе навистина сакаат да се дружат со блиски пријатели“, рекол тој.

Своите впечатоци ги заклучил со јасна порака: според него, Балканот е прекрасен дел од светот, а Србија е на прво место на неговата листа.

„Да, тоа е прекрасен дел од светот и Србија е број еден за мене“, заклучил Американецот.

останати вести