Аларм во Скопје: Како да се препознаат морбили или мали сипаници?

by Тони Зографски
Малите сипаници се акутно вирусно заболување, високо контагиозна (заразна) болест со стапка на секундарно јавување поголема од 90% меѓу невакцинираните лица.

Вирусот се пренесува по воздушно – капков пат (при кивање и / или кашлање)или  преку директен контакт со секретот од носот или грлото.

Инкубациониот период просечно изнесува 10 – 12 дена,  а може да седвижи помеѓу 7 и 18 денови. Почетокот на болеста се карактеризира сотемпература, малаксаност, црвенило на очите , течење на секрет од носот икашлање. Карактеристичниот исип се јавува на лицето 2 до 4 денови од почетокотна симптомите. Во овај период телесната температура може да биде и до 40,5 ° Ц и исипот се шири потелото и екстремитетите, а се се губи по 4 до 6 дена. Лицата заболени од малисипаници се најзаразни 2 до 4 дена пред и 4 дена по појавата на исипот.

Во Република Македонија имунизацијата (вакцинација и ревакцинација) противова заболување е задолжителна и континуирана во тек на целата календарскагодина согласно постоечкиот годишен Календар за задолжителна имунизација.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com