Актерка изненади на црвениот килим: Без тронка срам ги покажа влакнестите пазуви (ФОТО)

by Тони Зографски

На премиерата на серијата „Dexter: Resurrection“ во Њујорк, актерката Емили Кимбал блесна на црвениот килим во впечатлив црн фустан со отворен грб и висок шлиц.

Сепак, таа привлече посебно внимание кога позираше со кренати раце и ги покажа неизбричените пазуви, што предизвика низа реакции и коментари.

На тој начин, таа испрати порака дека не се согласува со наметнатите идеали за убавина, туку избира да биде автентична и своја.

Потсетуваме Кимбал веќе постигна значаен статус на актерската сцена, а ја започна својата кариера во филмови во Портланд, пред да се приклучи на синдикатот на актери „SAG-AFTRA“ во 2017 година и да се пресели во Лос Анџелес. На малите екрани, таа се појави во серии како што се „Platonic“ и „Daisy Jones & The Six“ (двете од 2023 година) и „Wu‑Tang: An American Saga“ (2019).

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com